еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2, а увозот за 28,7%

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари-јуни 2022 година изнесува 4.097.486 евра и бележи раст од 20,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит изнесува 1.877.213 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 68,6 отсто.

Според Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јуни 2022, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот на Македонската берза во септември

Редакција

Македонија ќе изработува законска регулатива за привлекување на бизнис ангелите

Редакција

Претпријатијата во државна сопственост не се транспаретни и отчетни: ЈП за државни патишта најтранспаретно, на дното ГТЦ

Редакција