еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот зголемен за 31,5, а увозот за 34%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4.562.214.000 евра и бележи пораст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.250.832.000 евра, што е зголемување за 34 проценти.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 1.688.617.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 73 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – август годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се чека на формална одлука од грчката Влада за отворање на границата, вели Османи

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Групата „Фершпед“ со загуба од 16 милиони денари за девет месеци

Редакција