Непријавени 31.000 евра се пронајдени вчера при преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки на граничниот премин „Табановце“.
Како што информира МВР, преглед на возилото управувано од Ј.О. (60) од Република Турција, извршиле полициски службеници од Полициска станица Табановце. При прегледот тие ги пронашле и одзеле парите.
Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.