еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово, вели Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов информираше дека иако има густ и црн чад од пожарот во Тетово, безбедна е состојбата од аспект на отровни гасови. Испитувањата ги направи аримската единица за атомско-биолошко-хемиска опасност.

-Оваа единица влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема изврши испитување на воздухот и утврди дека нема опасни, отровни гасови во воздухот. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна.

За секој случај очекуваме дополнително испитување, бидејќи има мала веројатност за отровни гасови за што нема можност да се детектира. Но, потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од САД. Видливо е дека има пм10 и загаден воздух, но сме пред локализирање на пожарот, има контрола. Уште еден хеликоптер интервенира за стопирање на линијата на ширење на пожарот, изјави Ангелов.

Фабриката „Македонија табак“, во која утрово околу 9 часот избувна пожарот, има лимен покрив и бетонска плоча и водата од хеликоптерот не може да продре внатре, појасни Ангелов.

-Воедно, хеликоптерот не може да влезе во густ чад и на работ влегува и интервенира. Хеликоптерот дејствува од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија, рече Ангелов.

Голем број работници во текот на денот отстранија големи количини градежни материјали за кои се смета дека се запалливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хеликоптери на МВР ја пресекоа линијата на огнот на пожарот во Тетово, кој се уште не е локализиран

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да одат на училиште

(Видео) Во Тетово голем пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството бара куќен притвор за возачот кој усмрти десетгодишно дете

Редакција

Татко и син се убиените во Челопек

Редакција

Одложена лицитацијата за имотот на фирмата ДЕНА, за која алармираше австрискиот амбасадор

Редакција