еМагазин
Image default
Локално

Кај турски државјанин на ГП „Табановце“ пронајдени непријавени 31.000 евра

Непријавени 31.000 евра се пронајдени вчера при преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки на граничниот премин „Табановце“.

Како што информира МВР, преглед на возилото управувано од Ј.О. (60) од Република Турција, извршиле полициски службеници од Полициска станица Табановце. При прегледот тие ги пронашле и одзеле парите.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пустош во кичевско: Бесправно исекле 400 дабови стебла

Редакција

Од утре до 20 јули затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово

Редакција

Ги нападнале кучињата на соседот

Редакција