еМагазин
Image default
Македонија

Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово, информираат од партијата.

Од партијата велат дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи, се со цел конечно доекипирање и уривање на власта.

На првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржана вчера, биле донесени и повеќе кадровски решенија, така што Владимир Нелоски е именуван за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев се именувани за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска е именувана за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ и Игор Здравковски е именуван за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“

Редакција

Новинарот кој го обелодени „Рекет“ очекува крај на премиерската кариера на Зоран Заев

Редакција

360 степени: Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство

Редакција