еМагазин
Image default
Локално

Кавадарчанец жртва на измама: Дал 6.000 евра за ќерка му да не оди во затвор поради сообраќајка

Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

„Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор, му побарало 100.000 долари.

Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило“, појасни Додевски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на денешниот ден, во Кавадарци имало три неуспешни обиди за ваков вид на измама. Од полицијата повикуваат на внимателност, со цел да не се случуваат вакви и слични измами. Истовремено, апелираат за сите сомнителни случаи, да се пријави на бројот 192.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за Британец со потекло од Битола осомничен за продажба на дрога во градот

Редакција

Со лажна диплома за средно образование станал шеф на возен парк во битолската Клиника

Редакција

Кај арачиновец откриени триесет килограми марихуана

Редакција