еМагазин
Image default
Македонија

Кафулињата се преполни, се одржуваат веселби: Се очекува зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во Дебар

Во последното деноноќие во Дебар регистран е еден случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 242 лица, од кои 191 во втората фаза од болеста.

– Вчера имавме четири, денеска еден случај позитивен на Ковид-19. Бројот очекуваме да се зголемува, бидејќи воопшто не се почитуваат препораките за заштита. Кафулињата се преполни, се одржуваат веселби, како во домашни услови, така и во ресторани.

Луѓето се групираат, а при тоа не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. Поради тоа опасниот вирус, сега слободно можам да кажам, дека го имаме насекаде, на целото подрачје, во двете општини и Дебар и Центар Жупа, вели епидемиолот Ментор Меља.

Посочи дека во последните 24 часа има и едно оздравено лице, а се уште активни на болеста се 77 лица.

– Поголемиот процент се со полесна форма на болеста, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а 10 лица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Затоа, не апелирам, туку ги молам сите строго да ги почитуваат препораките за заштита, бидејќи само така ќе можемме да ја ублажиме актуелната епидемиолошка состојба, да се заштитиме себеси, своите најблиски, пријатели, роднини, соседи, истакна д-р Меља.

Додаде дека се очекуваат резултати од 15 земени тестови на сомнителни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа 5 лица од Ковид-19, двајца од Гостивар, по едно од Крива Паланка, Неготино и Скопје

Нови 127 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Убава вест: 60 оздравени пациенти од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пронајден череп: Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 88 оздравени од Ковид-19

Редакција