еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да извадите сертификат за трета доза вакцина

На порталот за вакцинација – vakcinacija.mk постои можност да се извади сертификат за трета доза вакцина, пишува vistinomer.mk.

Процедурата е прилично лесна. Најнапред се регистрирате на vakcinacija.mk со вашиот матичен број и со бројот на телефон.

Преку СМС порака добивате код кој го внесувате и на тој начин добивате можност да се најавите.

Потоа, влегувате во полето “најава”, каде ги внесувате вашите матичен број и лозинка.

Откако ќе се отвори вашиот профил (страница) има „копче“ со кое може да го избришете сертификатот. Го бришете и го генерирате новиот, го преземате, симнувате и го печатите.

Потоа и во системот „Мој Термин“ е автоматски генериран и достапен новиот сертификат со три примени дози.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 82-годишна возраст почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ

Редакција

(ВИДЕО) Д-р Катерина Ставриќ објаснува како штитат вакцините против Ковид-19

Редакција

Пациенти со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Редакција