еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Како делува на здравјето загадувањето на воздухот

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објаснуваат како на здравјето делува енормното загадување на воздухот регистрирано деновиве, низ цела Македонија.

-Некои поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, додека поединци кои припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти, велат од ИЈЗ.

Кои се најчувствителни и под ризик? 

Деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати.

Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Иако помладите лица и децата над 5 годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи.

Оттаму, заради превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички) кои во моментов драстично се зголемени, Институтот за јавно здравје препорачува:

Останете дома ако не треба да излегувате.

Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото.

Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност.

Бремените жени треба да останат дома.

Луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница.

Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено.

Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено.

Ефектот е двоен, и како заштита од суспендираните (лебдечки) честички и од сезонските вируси (на грип, настинки, вклучително и SARS-CoV).

Не ги отворајте прозорците во вашиот дом.

Користете прочистувач на воздух (особено лицата со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца).

Конзумирајте храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамин Ц и Е, бета-каротен, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот.

Консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И Euronews известува за загадувањето на воздухот во Скопје

„Сите ќе умреме“: Твитер реакции за загадувањето на воздухот во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дамјанов ДЕЛ“ и „Годомин“ го добија тендерот на МВР за набавка на заштитни маски и комбилизони вреден 1,5 милиони евра

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на две теренски возила вреден 57.000 евра

Редакција

Сметките за парно може да се добиваат и на е-маил, пополнете формулар на пунктовите

Редакција