еМагазин
Image default
Македонија

Како гром од ведро небо не удри веста, вели таткото на Ламбе Алабаковски

Што да ви кажам, како што беше изненадена цела Македонија, така и ние домашните се изненадивме од настанот. Како гром од ведро небо не удри веста дека Ламбе ја потпалил вратата на здружението во Битола. Искрено, не очекувавме такво нешто, вели за “Фокус”, Лазар Алабаковски, татко на пејачот Ламбе Алабаковски, кој е во домашен притвор по случката.

Лазар, кој живее во Љубојно, вели дека вчера бил во Битола и го посетил Ламбе. Додава дека син му е добар, заедно со сопругата и децата во семејниот дом.

-Ламбе се држи добро, смирен е. Не знам што да кажам, што е – тука е. Ќе чекаме одлука во понеделник, јас како родител, нормално е дека се грижам. Благодарен сум на поддршката која народот му ја даде, ние како семејство, сите стоиме покрај него и во добро и во лошо, вели Лазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Фото: Фејсбук/Алабаковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И по вакцинација маски уште долго време ќе носиме, дополнително ќе се види за мерки за празниците, вели Филипче

Редакција

Евроамбасадорот Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 во Делчево

Редакција