еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Хусни Исмаили, поранешниот министер за култура за кој Антикорупциска бара кривично да се гони

Антикорупциската комисија бара кривично да се гони поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Исмаили е актуелен пратеник на Алтернатива, а еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска кога дошол на оваа функција.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Тетово од наследство од 240 метри квадратни, земјиште, и уште една куќа во Тетово од 295 метри квадратни.

Пријавил и два стана во Тетово од по 40 и 96 метри квадратни, и уште еден стан во Струга од 71 метри квадратни, за кој не дал податок чив е.

Пријавил и деловен простор во Тетово од наследство.

Вози Ауди А4, на име на децата пријавил возило Фолксфаген и уште едно возило Пежо и чамец за кои не дал податок чиви се.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 29 години: Од Ковид-19 починаа 26 лица, 14 биле вакцинирани

Редакција

Обезбедени дополнителни средства за справување со кризна состојба во снабдувањето со струјата

Редакција

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

Редакција