Владата вчера го разреши директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, откако тој одби да вработи „рамковни“ административци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Простете им, не знаат што прават“, вели Пауновски, кој по разрешувањето се враќа во УЈП во Тетово
Кој е Стојко Пауновски кој „не му се плаши“ на Заев: Што пишува во неговата професионална биографија
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал в.д. директор во ДПИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил два стана, еден во Охрид од 65 метри квадратни, проценет на 2,2 милиони денари и стан во Тетово од 78 метри квадратни, проценет на 2,4 милиони денари.
Од наследство пријавил земјиште, лозје и шума во Челопек.
Во Челопек на свое име пријавил и куќа за одмор, проценета на 1 милион денари и овошна градина.
Вози Мерцедес, а поседува и трактор, а остварува приходи и од земјоделска дејност.
Пријавил и заедничка заштеда од 28 илјади евра, како и кредит од 500 илјади денари, кој според податоците кои ги дал веќе треба да го има исплатено.
Дал податок и за вредноста на покуќнината, податок кој многу ретко може да се сретне во анкетните листови на функционерите.
Фото: Влада