Несудената козулка и поранешна презентерка Бесмира Ејупи деновиве е повторно топ тема во јавноста и на социјалните мрежи, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека се вработила во Министерството за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“За Бесмира Македонија е Швајцарија“: Несудената конзулка хит на Твитер
ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР
Таа на јавноста и стана позната откако медиумите објавија дека добила хонорари од 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, а од мај 2021 година до август 2022 година од Владата била поставена и во Надзорниот одбор (НО) на Јавното претпријатие „Железници – транспорт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога влегла во НО на ЈП „Железници – транспорт“, со задоцнување, за што платила и парична казна.
Каков имот пријавила
На свое име нема пријавено ништо, а на име на родителите пријавила земјоделско земјиште и куќа во Дебар и двете од наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: И сестрата на „несудената конзулка“ Ејупи, земала хонорари од Државно правобранителство
Фокус: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции
Фото: Алсат М