еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

КАМ третпат годинава ги зголемува платите на вработените: Основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари

„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач за изминатата година, третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје, информираат од таму.

Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29% повисока од законската минимална плата, односно изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000.

Дополнително, компанијата континуирано нуди обука за оние кандидати кои немаат искуство во трговија.

„КАМ“ во континуитет го држи првото место меѓу маркетите, со исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци. Новото зголемување е дел од стратегијата на компанијата, каде што грижата и развојот на човечкиот капитал е еден од најважните приоритети, велат од таму.

Неодамна „КАМ“ ја прошири и листа на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор на 37.600 денари и воведе колективно осигурување за сите вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработени чие живеалиште е оддалечено повеќе од 5 километри од маркетот во кој работат.

Оваа листа веќе опфаќа значителни придобивки, како што се слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“, итн..

– Растот на платите во нашата компанија е континуиран процес, на кој остануваме посветени. Се фокусираме и на професионалниот раст и задоволство на вработените кои имаат огромен удел во севкупната слика на нашата компанија, велат од „КАМ“.

Центарот за обука на „КАМ“ континуирано реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со 8 средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата. Дополнително, почнат е процес за реализирање пракса за студенти, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден загинат во сообраќајка на булеварот „Киро Глигоров“, го удрил автомобил додека менувал гума

Редакција

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Редакција

„Силеџиство јок со Грција“, одговори Мицотакис на заканите од Ердоган

Редакција