Предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) може да преминат во Јавното обвинителство и за тоа има законска основа, смета академик Владо Камбовски кој учествува на консултациите во Министерството за правда за новиот закон за јавното обвинителство.
– Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО, рече Камбовски.
Друга варијанта, според него, е Специјалното јавно обвинителство да се спои со Обвинителството за гоненење на организиран криминал и корупција, да се избере нов специјален обвинител и СЈО да продолжи да ги води предметите.
Камбовски смета дека СЈО ја одиграло својата улога во еден транзициски период и отворило многу предмети, но сега со реформите во правосудниот систем, Јавното обвинителство се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција.
Решение е потребно бидејќи, посочува Камбовски, според Законот за СЈО, на 15 септември истекува мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е приведена, а само таа може да делегира и одзема овластувања на обвинителите во СЈО.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи
Нема потврда дека Јанева доставила оставка
Време е Катица Јанева да објави роман: „Писма од Шутка“