еМагазин
Image default
Локално

АХВ: Граѓаните да не го посетуваат ресторанот „МИР“ во Прилеп зашто не ги исполнува хигиенските услови

Иако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради неисполнување на основните хигиенски услови двапати го затвора ресторанот „МИР“ во Прилеп, кој е лоциран на вештачко езеро, објектот е повторно отворен, без нејзино одобрение.

Поради тоа, АХВ апелира граѓаните да не го посетуваат или ако тоа го прават, да знаат дека е на нивен сопствен ризик.

Како што велат од АХВ за МИА, не е приклучен на градската водоводна мрежа поради што не може да обезбеди хигиенски исправна и безбедна вода.

-На правното лице му е изречена мерката забрана за работа до исполнување на сите услови согласно законот за безбедност на храна. Даден е и прекршочен платен налог за правното лице во износ од 1.250 евра, како и 375  евра за одговорното лице.

При повторен контролен надзор со цел проверка на спроведувањето на наведените мерки, ресторанот „МИР“ повторно бил отворен и вршел дејност за што уште еднаш му е изречена глоба поради непочитувањето на инспекторското решение, а ставена му е и лента со ознака „затворено од АХВ“.

И покрај тоа, констатирано е дека лентата е отстранета и ресторанот е повторно отворен. Поради тоа ги известуваме сите идни посетители на овој објект, дека тој не е регистиран и не е под контрола на АХВ, а конзумирањето храна и пијалоци е на нивен сопствен ризик, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

Редакција

(ВИДЕО) Стотина лица без маски и без дистанца се журкаа пред Музејот на Македонија, МВР најавува казни

Редакција

(Видео) Ловец паднал во провалија и скршил нога, со хеликоптер бил транспортиран до Клиника

Редакција