Бизнисмените Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ, осудени за случајот “Империја“ ги смениле адресите, па сега се жители на Охрид, информираат од Кривичен суд
По промената на адресата за издржување на затворските казни, јурисдикција ќе има судот во Охрид, а помалите казни од три години, се издржуваат во полуотворениот затвор во Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека:
До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид.
Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичниот суд го издал упатниот акт за затворската казна на Камчев за „Империја“
Откако се спогодил за „Империја“, Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра во државниот буџет
Детали од Обвинителството за спогодбата на Камчев за „Империја„
Фото: МИА