еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Камења за „хипиците„ во Маврово кои ни го исчистија ѓубрето кое таму стоело со години

По некоја случајност патував на редовната линија од Солун за Скопје со дел од следбениците на движењето „Собири на виножитото“ (Rainbow gatherings), кои деновиве кампуваат во Маврово.

До мене седеше младо момче од Израел. Студира џез музика. Се изнапраивме триста муабети што се вика и го убедив да посетат и други места во Македонија освен Маврово. Планираа порано да си одат.

Не му се веруваше дека имаме и Музеј на холокаустот.

А за Маврово се најубаво му изнакажав. Дури и црквата му ја спомнав во езерото, што го фасцинираше ептен. Не видел такво нешто.

Нормално и нели му кажав дека генерално сме гостопримливи како народ, иако никогаш не сум верувал во тоа.

Дека не грешам, за жал, ми се потврди и кога деновиве читам за луѓево, де секта биле, де хипици, де голи се шетале, па и дроги имало, па жителите на викендичките, (од кои само Бог знае колку се нелегално изградени, а друга тема е со какви пари), се жалат, па национален парк бил Маврово, па ѓубре правеле, па пожар ќе предизвикале… И да не заборавам играле околу оган.

Бреј!

Толку многу непотребна драма за луѓе кои од толку други земји во светот решиле да дојдат баш во Македонија од сите страни на светот. Мируљубиви луѓе.

А никој не се буни оти криминалци и терористи ни шетаат по земјава. И тоа значително многу повеќе од „хипиците„.

Се пријавиле, плаќаат за кампувањето, трошат пари во околината, плус не само своето ѓубре, како што информираа од ЈУНП Маврово/Маврови Анови, го исчистиле и ѓубрето кое било таму со години…

На дружење, на одмор дошле. Замислете некој нон-стоп да ве проверува и замара, плус и на вести да ве има. Кој сака таков одмор?

Да не зборувам дека овој случај покажува и колку многу луѓе во Македонија се против различното. Ама за по дома. Кога ќе излезат од државата тие што најмногу судат се како одврзани кучиња. Да не почнам да редам околу се што играат дволичните моралисти…

Или како што вика драг колега: “Кај нас да се појави повторно Исус, ќе го каменувавме око да не ни трепне“.

Фото: Национален парк Маврово/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН вработува девет лица, плата до 29.693 денари

Редакција

Од Ковид-19 починаа 27 лица

Редакција

Тело на 26-годишен македонски државјанин пронајдено во Софија

Редакција