еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кандидатот на ДУИ, Алија Јаоски е новиот градоначалник на Пласница

Алија Јаоски, кандидатот на ДУИ е новиот градоначалник на Општина Пласница.

Јаоски најави дека функцијата ќе ја извршува чесно и дека ќе работи 24 часа за општината, а приоритет ќе му била инфраструктурата и вработувањето на граѓаните.

„Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци.

Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направено, а јас тоа ќе го продолжам“, изјави Јаоски.

Јаоски е брат на претходниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јаоски, кој беше избран за пратеник во Собранието.

Фото: Фејсбук/Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено рочиштето за „27 април”: Вељановски и Ристовски биле во самоизолација

Редакција

Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Редакција

Мицкоски ќе летува во Хрватска, таму родителите кога бил дете го носеле на одмор

Редакција