еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Караџовски: Британскиот сој е „чудовиште“ кое прави компликации за три дена и зафаќа бели дробови, глава, срце, црн дроб, бубрези

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во гостувањето на телевизијата Канал 5 изјави дека разликата меѓу овој пик на вирусот со претходните бранови е во тоа што сега е присутен британскиот сој на вирусот кој се шири за 50 до 70 проценти побрзо и има поголем број на хоспитализации.

– Кај нас со сигурност ги имаме чешкиот и британскиот сој. Овој британски сој во 24 до 48 часа се развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена.

Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште“ , рече Караџовски.

Оцени дека има широка трансмисија на вирусот, но оти засега здравствениот систем има капацитет да издржи.

Во моментов, како што образложи, вирусот е најдоминантен кај категоријата на граѓани од 30 до 39 години.

– Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири вирусот, бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, не ги почитуваат некаде мерките, и проблемот е во тоа што повеќето стануваат позитивни и вирусот го носат дома, рече Караџовски.

Посочи дека се намалува бројот на хоспитализации од 40 до 50 години, но се зголемува бројот на хоспитализации од 30 до 39 и над 60 години.

Смета дека мерките се добри, но апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од вирусот.

Тој вели дека круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети.

– Се уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски.

Засега, како што истакна, проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки, бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски влегува во Одборот на директори на Витаминка

Редакција

Проф. Трајковски за зголемување на ковид-бројките: Високата стапка на прележаност и вакцинираност, не би требало да дозволат големо избувнување, барем не до есента

Редакција

Горивата поевтинуваат од 2,5 до три денари за литар

Редакција