еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Караџовски: Имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот посто

Претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Жарко Караџовски за ТВ Алсат-М вели дека можеше да се избегне жестокоста на новиот бран, ако во текот на летото не се дозволеа свадби во затворен простор како што предложила КЗБ.

– Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова?

Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца, ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор.

Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба. Швепс пиев многу вчера, немам Ковид-19“, докторка од Гостивар сподели искуство од дежурство

Младоженец и невеста во Охрид по свадба завршиле во болница со Ковид-19

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 37,2%: Минатата недела 542 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, едно по третпат

Редакција

(Фото) Пендаровски испратен од колегите: Од кое работно место заминува за претседател

Редакција

Предупредување од УХМР: Денеска пообилен дожд на пониските и снег на повисоките места

Редакција