еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Професорот Дејан Трајковски, кој редовно прави анализа на состојбата со Ковид-19 во Македонија смета дека одењето на свадба по само една примена доза вакцина, без ден чекање, нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

“Доколку услов за одење на свадба во затворен простор беше вакцинираноста со две дози и изминати две недели по втората доза, тоа би имало логика и некаков ефект врз намалувањето на преносливоста на вирусот и зауздувањето на епидемијата.

Вака, одењето на свадба по само една примена доза, без ден чекање, нема апсолутно никаква епидемиолошка ни здраворазумска логика, освен да се сфати како начин луѓето да се мотивираат или наградат за вакцинацијата. За ограничување на растот на бројките не станува ни збор. Напротив, луѓето дополнително ќе се охрабрат за разуздано однесување и ќе ја разгорат епидемијата. Од каде им текнуваат само вакви работи…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 16 август нема свадби и прослави на затворено

Денешните гужви на вакциналните пунктови, еден ден по донесувањето на одлуката, покажуваат дека на луѓето им е поважно одењето во кафеани од сопственото здравје (или пак досега не верувале во корона вирус, па вакцината ја доживуваат како обична формалност за одење на свадба).

Во меѓувреме, здравствените власти повторуваат како расипана грамофонска плоча: „Граѓаните се виновни поради непочитување на превентивните мерки“. Всушност власта е таа што е виновна, затоа што дозволува собирање во затворени простории и тоа без маски и одржување минимално растојание“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во Тетово на свадба наместо пирошка давале парацетамол“: Твитер реакции

Младоженец, невеста и цело семејство од Тетово позитивни на Ковид-19, ама си направиле свадба

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка загина во Ѓорче Петров, ја прегазило 25-годишно момче

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Прифатливо е спојувањето на СЈО и ЈО, Русковска не

Редакција

Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина, вели Мехмедовиќ

Редакција