еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, покажува истражување на Институтот за имунологија

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, затоа што не придодава на антителата, односно тие остануваат исти како и по една примена доза, ова е заклучокот на истражувањето на Институтот за имунологија, за тоа колку антитела се создаваат кај луѓе што го прележале коронавирусот и примиле само една доза од вакцината на Фајзер, пишува Слободен печат.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски, за Слободен печат вели дека во студијата се опфатени 248 лица. Од нив 40 ја поминале ковид-болеста и примиле две дози на вакцина од Фајзер. Другите не заболеле од Ковид-19, а примиле со две дози од вакцината.

– Во трудот правиме споредба дека оние што имаат поминато болест и добиле една вакцина, постигнуваат највисоко ниво на имунитет. Втората вакцина кај нив не додава во концентрацијата на антитела. Не е само нашиот труд, има и други што го покажуваат истото. Во цел свет е тој ставот. Тој што поминал болест, му треба една доза вакцина, вели доктор Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Доктор Пановски: Прележаните од Ковид-19 не треба да се вакцинираат, ако веќе го прават тоа, да се вакцинираат со една доза

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлуенсер маркетинг – нов комуникациски предизвик за општеството

Редакција

Пороен дожд и грмежи утре попладне во северните делови

Редакција

(Фото) Нов имиџ: Фатиме Фетаи со кратка фризура

Редакција