еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Касами му врати на Ковачевски: Граѓаните бараат предвремени парламентарни избори

Лидерот на Беса, Билал Касами реагираше на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека „процеси што се од стратешко значење не можат да бидат предмет на уценување“, во одговор, пак, на вчерашната изјава на Касами дека Беса ќе ги поддржи измените на Уставот, под услов власта да се согласи на одржување предвремени парламентрани избори следната пролет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕСА ја условува поддршката на уставните измени со одржување предвремени избори, не исклучуваат соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Касами, како што вели, разбира дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА.

-Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани, бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори, стои во реакцијата.

Додека кога зборуваме за уставните измени, се додава во соопштението, Беса уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20 проценти“ и да се замени со терминот „албански јазик“, се наведува во реакцијата на Касами.

-Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на С Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија, стои во реакцијата на Касами. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сакам да верувам дека Касами се ставил во заложништво на Левица, изјави Ковачевски

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Треба да се испочитува здравствениот систем овде, па да се замине во странство, вели Манолева за лекувањето на Леонид

Редакција

„Политико“: Софија ќе признае македонски јазик и идентитет, ако Скопје признае бугарски темели на јазикот и идентитетот

Редакција

На собраниска комисија поминаа ратификациите на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Редакција