еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Касами нема да учествува на лидерската средба

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами на прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје денеска информира дека нема да учествува на лидерската средба свикана од премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во Собранието, бидејќи како што рече „таа е формалност за да се спаси ДУИ и ја игра улогата на спасител на ДУИ“.

– Таа средба е формалност за да се спаси ДУИ од обврската да седне на маса со претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализација за преземените обврски со договорот, во кој, како услов беше вклучување на албанскиот јазик во Уставот на земјата, рече Касами.

Касами потенцира дека Движењето Беса секогаш останува отворена и подготвена на соочување преку дијалог да ги реши прашањата за правата на народите кои се од витално значење и меѓународно загарантирани.

-Повторуваме дека немаме дилеми во интегративните ориентации, но нема да дозволиме албанскиот народ да биде третиран со понижување во Уставот на државата. Ние сме државотворен народ и како такви ќе мора да бидеме третирани и почитувани од законите во државата, рече Касами.

Во однос на иницираната средба од Движењето Беса до сите албански политички партии, Касами рече дека ниту една од партиите не одговорила позитивно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе присуствува, а кој не: Денеска лидерска средба во Собрание

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР: Ја информиравме Македонија во февруари дека нивните предлози се неприфатливи

Редакција

Истражување: Населението е во голема опасност, поради недостаток од Д витамин

Редакција

Најголемо намалување на бројот на заболени со Ковид-19 кај лицата до 39 години

Редакција