еМагазин
Image default
Локално

Касиерка и гостин заеднички „молзеле“ казино во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.М.(25) од Ресен и И.И.(39) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „поттикнување“, информира МВР.

Во периодот од 22.00 часот на 17.09 до 07.00 часот на 18.09.2018 во автомат клуб на бул.„Октомвриска револуција“, првопријавената, вработена како касиер, заедно со второпријавениот, кој бил гостин во казиното, во договор, во повеќе наврати извршила уплата на парични средства на повеќе апарати без покритие.

На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 251.540 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца физички нападнале девојка во Градскиот парк

Редакција

(ВИДЕО) По невремето во Преспа: Автокапот Крани како погоден од ураган

Редакција

Мотоциклист почина во судар со „Ауди“

Редакција