еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Кавадарчанецот Борче Стаменов го донираше 1.000 компјутер, трошоци 0 денари

Инцијаторот на „Донирај компјутер“, кавадарчанецот Борче Стаменов го донираше 1.000 компјутер.

„Леле луѓе што направивме! 5 години постоење. Донирани 1.000 компјутери. Безброј насмеани лица.
Потрошени 0 денари.

Овака некако би го започнал денешниот долг статус. Но, не е само тоа што сакам да го кажам денес. Денес сакам да им оддадам признание на сите кои беа со нас изминативе 5 години. На сите кои во нашата авантура се вклучија со макар едно шравче, па макар и со едно споделување.

Нормално, како прво тука се луѓето. Оние обични луѓенца кои ја слушнаа нашата порака и се одзваа на повикот и секојдневно ни испраќаа опрема која веќе не ја користат, а понекогаш и по некое пивце“, напиша Стаменов на Фејсбук.

Во овие 5 години имаме добиено околу 1.500 половни компјутери, пишува тој.

“Околу стотина од нив беа некористиливи или прастари за да може да се искорисни било што од нив. Преостанатите 1.400 да речеме, се проверувани по повеќе пати за исправност. Од нив имаме искористено делови за да докомплетираме други. И така стигнавме до бројот 1.003 донирани компјутери.

Ако ги претвориме тие 1.400 во работна рака или финансии, само за проверка или дијагноза имаме донирано 840.000 денари. Пошто останаа 1.003, сите тие подлежеа на процес на средување (инсталација на ОС и програми).

Во просек таа работа чини околу 600 денари. Со тој чекор во облик на работна рака и време сме донирале уште 601.800 денари. Ако ги претвориме тие 1.003 компјутери во средна продажна цена на половен компјутер (куќиште, монитор, тстатура, глувче, кабли за поврзување) која изнесува некаде околу 6.000 денари, добиваме сума од 6.018.000 денари.

Или ако ставиме се на едно купче добиваме износ од 7.459.800 денари или ако го претвориме износов во омилената валута на нашите политичари тоа би било некаде 120.319 евра. Само што ние за разлика од нашите политичари потрошивме 0 (нула) денари, донесовме среќа и почит низ цела Македонија.

И не застануваме тука. Веќе е основано нашето Здружение Донирај компјутер Кавадарци, каде секој од вас, доколу има желба и можност од било каде во светот, да даде свој придонес во нашата борба за намалување на нееднаквоста и сиромаштијата во Македонија.

Сметка за донација ќе објавиме во наредните денови. Да помогне во нашата борба секое дете, секој човек да добие еднакви шанси за подобро и поквалитетно образование и живот воопшто.

За крај, уште еднаш, ви симнувам капа на сите знајни и незнајни херои и ќе Ви се заблагодарам што бевте и сте силен ветар во грб сиве овие години!“, напиша тој меѓудругото на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски со поддршка за хуманитарецот Борче Стаменов, иницијатор и организатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“

Борче Стаменов кој склопува и поправа стари компјутери за оние кои не можат да си купат, денеска го подари 500-от компјутер

Борче Стаменов поправа и донира компјутери: Државата со малку пари може да ги обезбеди тие 3.000 семејства кои немаат

Фото: Фејсбук/Стаменов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена, нови 899 случаи на Ковид-19, оздравени 670, нема починати

Редакција

Недела на новогодишни донации на ЕВН

Редакција

Мицкоски: Час поскоро на предвремени избори, без техничка влада и со една изборна единица

Редакција