еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кавадарци ќе добие спомен-куќа за 12 Ваташки младинци и фонтана „Сашко Гешовски“

Изградба на спомен куќа во чест на 12 Ваташки младинци и фонтана и постојка во кружен тек „Сашко Гешовски“ со партерно уредување. Ова се само дел од проектите што денеска ги најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во просториите на локалната самоуправа, денеска за прв пат јавно беше презентиран планот за јавни набавки на Општината, пред претставници на компании.

Со единствена цел, како што нагласи градоначалникот Митко Јанчев, транспарентност, отчетност и поголемо запознавање на компаниите, заради подобар квалитет и конкурентност при јавните набавки.

Презентирајќи го годишниот план за јавни набавки на Општината, Јанчев информираше дека годинава се предвидени 92 постапки за јавни набавки.

– Проценетата вредност на постапките за доделување на договор за јавни набавки изнесува 227.808.645 денари со ддв, соопшти градоначалникот.

Јанчев рече дека општината Кавадарци се труди да ја подобри транспарентноста со нови начини на работа.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во угостителски објект во Скопје, зафатено и паркирано возило

Редакција

(Видео) Пендаровски и Пахор ги гледаа македонските специјални сили во акција во Охрид

Редакција

Косовар се обидел да силува малолетник во Росоман

Редакција