еМагазин
Image default
Локално

Кичевец си зел кредит со злоупотреба на лични податоци на болен човек

Кичевец злоупоребил лични податоци на лице со здравствени проблеми и подигна кредит од правен субјект без негова согласност. Полицијата за сучајот поднесе кривична пријава.

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против А.К.(48) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавениот ја искористил електронската пошта сопственост на лице со здравтсвени проблеми и без да го запознае и да добие одобрение во негово име склучил договор со правен субјект за подигнување на парични средства во вид на кредит.

Откако кредитот бил одобрен, од трансакциската сметка сопственост на оштетеното лице, тој ги подигнал паричните средства и ги употребил за сопствени потреби“, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци фатиле на дело крадци кои „оперирале“ во бутик во Тетово

Редакција

Петнаесетгодишно девојче од Скопје побегнало од дома со пријател

Редакција

Несекојдневен случај: Приведени двајца актери бидејќи прекинале проба во театарот во Гостивар

Редакција