еМагазин
Image default
Македонија

Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

Амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски на својот Фејсбук профил денеска соопшти дека се укинати визите за македонските граѓани за Колумбија.

– Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски.

Најави и дека следни на списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај.

Во земјите од Јужна Америка слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу.

Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега, наведува, соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.

Фото: Фејсбук/Боцевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ прифати да не биде дел од владата што би се формирала по усвојувањето на уставните измени

Редакција

Вработените во Крвичен суд следните десет дена се селат од старата во новата зграда

Редакција

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.908 тестови

Редакција