еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кинеските работници покасно ќе се вратат во државата и претходно ќе бидат во карантин

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово остварил средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, на која разговараале за состојбата со корона вирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

„На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо го информираше министерот Филипче дека работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина-Северна Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад. Со ова, дополнително се активираат мерките на претпазливост од можност за коронавирус во нашата држава,“ информираат од Министерство за здравство.

Според Филипче, државата постапува согласно насоките од Светската здравствена организација (СЗО) и целосно е подготвена да се справи со корона вирусот.

Пред неколку дена од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) посочија дека кај нас има постојано заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава и повикаа да не се лимитира престојот на работниците за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

13 починати лица од Ковид-19, 11 имале коморбидитет

Редакција

Предвремени избори „џокер“ на Заев, каква тактика има Мицкоски?

Редакција

Четворица малолетници од Демир Капија силувале врсничка, мајката на девојчето пријавила во полиција

Редакција