еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), во соопштение до медиумите, апелира државата да преземе соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирусот, согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

„Kинеската компанија „Синохидро“ врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина, кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија. Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани со своите надлежни органи и тела да преземете соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија.

Како единствен репрезентативен Синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали сме загрижени за вработените и граѓаните и очекуваме повратна информација за преземените мерки, со цел избегнување на непланирани одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек,“ се вели во соопштението.

Од таму посочуваат дека кај нас има постојано заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава и повикуваат да не се лимитира престојот на работниците за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот

Мапа: За еден ден починаа 58 лица од коронавирусот

Фото: МТИВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинат куќниот притвор и на Трајко Вељаноски

Редакција

Црна Гора воведува карантин во три града поради Ковид-19

Редакција

(Фото) Министерот Венко Филипче се „врати“ во сала: Успешно оперирана 29-годишна пациентка

Редакција