еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот

Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.

„Редовно се врши проверка на патниците на скопскиот аеродром со термалната камера, а покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со лет од Доха. Исто така, викендот е извршена и проверка на двајца патници, кои пристигнале со лет од Белград.

Граничната полиција утврдила дека доаѓаат од Кина и по проверката од аеродромската здравствена екипа било констатирано дека патниците се здрави, без никакви симптоми и се пуштени со препораки,“ посочи Кузмановска.

Во моментов, се врши зајакнување на резервите за лична заштитна опрема и веќе е во процедура набавката на заштитна опрема, како што се маски, ракавици, очила, заштитни мантили и друга заштитна опрема, согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и процедурата за клинички менаџмент на пациенти и контрола и превенција на болеста.

„Согласно препораките на СЗО, државата презема мерки за задршка, односно за спречување на импортирање на случај. Досегашните сознанија за самиот вирус ни укажуваат дека иако не ги знаеме комплетно сите карактеристики на вирусот и начинот на негово пренесување, граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување, како и да не се доаѓа во контакт со животни ако се патува во Кина,“ посочи д-р Кузмановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мапа: За еден ден починаа 58 лица од коронавирусот

(Видео) Научно-фантастични снимки од Кина: Дронови ги предупредуваат луѓето што не носат маски

Фото: Darley Shen/Reuters

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јануарската сметка за струја, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Редакција

Четворица судии заминуваат во пензија, одлучи Судскиот совет

Редакција

Министрите Ахмедовски и Ќахил сами барале да бидат разрешени

Редакција