еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на Ковид-19

Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство, информираат од таму.

Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24 часовен континуиран специфичен третман.

Најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест.

Поспецифични препораки за најчестите хематолошки заболувања.

Агресивни лимфоми – Не се препорачува промена или одложување на иницијалната терапија.

Индолентни лимфоми – Се препорачува започнувањето на терапија да се одложи колку што е можно подолго, односно „watch and wait“ пристап. Кај пациентите кои треба да продолжат со терапија на одржување со Rituximab, се препорачува истата да се одложи, а доколку веќе се на терапија на одржување, да се прошират временските интервали на апликација помеѓу циклусите.

Hodgkin Lymhoma –Доколку е возможно, радиотерапијата треба да се избегнува, бидејќи се спроведува во повеќекратни сесии, кои бараат чести болнички посети.

Акутна лимфобластна леукемија – Кај акутните леукемии, ставовите се поинакви. Задолжително е тестирање за SARS-CoV-2 со PCR метода пред да се започне лекување и веднаш да се започне лекување со стандардна терапија кај Ковид-19 негативните пациенти.

Миелодиспластичен синдром – Кај миелодиспластичните синдроми со низок ризик, се дава предност на еритропоетин-стимулирачките агенси пред трансфузија со еритроцити, која се ограничува само во ситуации кога е стриктно индицирана.

Миелопролиферативни неоплазми ( Ph+ и Ph-) – Кај новодијагностицираните пациенти со миелопролиферативни неоплазми, вклучувајќи ја и хроничната миелоична луекемија, сите лекови може да бидат безбедно отпочнати, освен што постои резерва за отпочнување на терапија сo JAK2-инхибитори – Ruxolitinib. Kaj веќе дијагостицираните пациенти, кои се на терапија со тирозин киназни инхибитори (ТКИ), хидроксиуреа терапијата редовно продолжува, со тоа што болничките посети треба да се заменат со комуникација преку дигиталните апликации( вибер, е-маил и телефонски број).

Мултипен миелом – Иницијалната терапија, како за пациентите кандидати за трансплантација, така и за пациентите кои се непогодни за трансплантација, не треба да се менува. Истото важи и за терапијата на одржување.

Како да се превенира развој на COVID-19 кај пациентите со малигни хематолошки заболувања и пациентите кај кои е спроведена трансплантација на коскена срцевина? Дали постојат специфични препораки?

• Kако и кај општата популација, важат мерките за избегнување на контакт и социјално дистанцирање. Закажувањето на пациентите во болички термини точно временски се планира, со цел да се одржува соодветно растојание од 1-2 метри помеѓу пациентите во чекалните.

• Редовна хигиена на раце со сапун и вода, со средства за дезинфекција на раце.

• Употребата на заштитни маски е задолжителна во услови кога е невозможна контактна изолација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Девојката која ја пријави „Јавна соба“ со сведоштво како нејзина фотографија заврши во групата и што доживеала

Редакција

Доктор Лазаров: Срамота е и греота да плаќа народот и понатака за тестови за Ковид-19

Редакција

Времето денеска сончево и потопло, со слаб ветер од југоисточен правец

Редакција