еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача клиниките за кожни болести и за неврологија кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”.

За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности, соопшти Министерството за здравство.

Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, како што се посочува, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.

Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19.

Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставата ќе почне со физичко присуство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Редакција

Словенија ќе инсистира промената на Уставот да биде последниот услов за влез на Македонија во ЕУ, порача словенечкиот премиер

Редакција

(ФОТО) Ова се здравствените работници од првата борбена линија со коронавирусот

Редакција