еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска

Јагода Шахпаска од Берово е кандидатката на СДСМ за нова министерка за труд и социјална политика, која доаѓа на местото на Мила Царовска, која е предложена за министерка за образование и наука.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на идната влада.

Какво образование има

Родена е на 18.3.1964 година во с.Тепавци, Битола.

Според нејзината биографија поранешната пратеничка има завршено Медицински факултет – Скопје и е специјалист по интерна медицина.

Политичка кариера

Како пратеничка на СДСМ, според нејзината биографија имала бројни активности во Собранието.

Во Комисијата за здравство била претседател, а членувала и во Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за европски прашања, каде била заменик-член.

Заменик-член била во Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член во Пратеничка група за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Романија и Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Вози Мерцедес Бенз: Каков имот пријавил старо-новиот министер за здравство, Венко Филипче

Војникот што стана политичар: Кој е Талат Џафери, старо-новиот претседател на Собранието?

Фото: Фејсбук/Шахпаска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странците воодушевени од нашите планини, уште државата да го потпомогне развојот на планинскиот туризам

Силвана Жежова

Не се зборува за преговарачка рамка, во Софија има комплетен застој, вели Вархеји

Редакција

(Галерија) Пченка, подароци и прошетка низ Скопје за Вучиќ и Рама од Заев и Шилегов

Редакција