еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Вози Мерцедес Бенз: Каков имот пријавил старо-новиот министер за здравство, Венко Филипче

Венко Филипче, актуелниот министер за здравство останува на истата функција и во новата влада.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал министер.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле кандидатите за членови на новата влада.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил стан од 130 метри квадратни, проценет на 7,8 милиони денари во Скопје, кој е подарок, куќа од 464 метри квадратни, проценета на 2,7 милиони денари, стекната со договор за градба, во Скопје и заеднички стан од 50 метри квадратни, проценет на 3 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба, исто во Скопје.

Вози Мерцедес Бенз, а на име на брачниот другар пријавил и возило Мазда.

Поседува и акции, но не навел каде.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема недвижнини, но има кредит од 3,6 милиони денари: Каков имот пријавил Бујар Османи новиот министер за надворешни

Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери

Каков имот пријавила министерката Ангеловска, за која Антикорупциска отвори предмет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Македонија 12. на Детската Евровизија, победи Полска

Редакција

Цунамито државни вработувања продолжува и во 2019 година

Редакција

Во јануари годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на кредитите

Редакција