еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила министерката Ангеловска, за која Антикорупциска отвори предмет

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет за случајот со министерката за финансии Нина Ангеловска, со цел да испита дали има судир на интереси, во врска со нејзиното постапување со средствата кои ги имала во Еуростандард банка, пред таа да биде ставена во стечај.

Ангеловска деновиве соопшти дека парите од Банката ги извадила пред една година и ги инвестирала во стан и инвестициски фонд.

Каков имот пријавила

Станот за кој зборува Ангеловска е евидентиран во нејзиниот анкетен лист.

Според податоците кои ги доставила до ДКСК, станот е проценет на 6,1 милиони денари, е од 73 метри квадратни и е во Скопје, а е купен годинава.

На свое име пријавила и деловен простор од 5 и 11 метри квадратни, кои ги стекнала во 2013 година.

Во 2019 година во инвестициски фонд инвестирала 8 милиони денари.

Освен во Еуростандард банка, пари имала и во УНИ банка, кои според нејзиниот анкетен лист, исто така ги повлекла во 2019 година.

На свое име и на име на брачен дугар пријавила и удели, но нема податок каде, акции, за кои исто така нема податок каде…

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Министерката Ангеловска: Парите од „Еуростандард банка“ ги повлеков лани и ги инвестирав во инвестициски фонд

Бранимир Јовановиќ: Државните органи треба да утврдат дали Ангеловска знаела за пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и ги повлекла парите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Москва нападната со дронови, неколку згради минимално се оштетени

Редакција

Првоосомничениот Боки 13 за првпат на распит за „Рекет“

Редакција

Судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе се интензивираат, за да не застарат делата

Редакција