еМагазин
Image default
Бизнис

Бранимир Јовановиќ: Државните органи треба да утврдат дали Ангеловска знаела за пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и ги повлекла парите

Економскиот аналитичар и професор Бранимир Јовановиќ даде свој коментар во однос на објавата на дел од медиумите дека министерката за финанасии Нина Ангеловска знаела за пропаѓањето на „Еуростандард банка“, па парите ги повлекла неодамна.

„Не знам дали Министерката за финансии знаеле дека банката ќе оди во стечај кога ги повлекла парите. Не имплицирам дека знаела, си има државни органи кои треба да утврдат дали е така.

Но, доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција.

И ова не го кажувам за да ја нападнам Министерката. Такво нешто на крајот на нејзиниот мандат е апсолутно бескорисно. Ова го кажувам за сите нови функционери, кои ќе бидат именувани со новата Влада, да бидат свесни за ова и да внимаваат на своето однесување.

Да, доколку „обичен“ граѓанин дознае дека некоја банка ќе се затвори, тој има легитимно право да се обиде да ги повлече парите од банката.

Но не и државните функционери. Штом ќе стапат на државна функција тие веќе не се „обични“ граѓани. Тие се слуги на народот, тие се јавни службеници и не можат да се однесуваат како и „обичните“ граѓани. Тие мора да бидат спремни да направат лична жртва во интерес на јавното добро.

Тоа е цената на јавната функција – да го ставиш личниот интерес на страна и да работиш за другите, а не за себе.

И секој што не го сфаќа ова, не е за државна функција. Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, да работат за општото добро, да се жртвуваат за државата, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација,“ напиша Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е најголем акционер во Еуростандард, вчера на прес-конференција рече дека министерката Ангеловска е еден од најстарите клиенти на банката.

„Не ја ставајте во овој вител министерката за финансии, Нина Ангеловска, бидејќи таа е стар клиент на банката. Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите, бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка,“ рече Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

фото: Фејсбук/Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски „Пурпласт“ ќе инвестира над 12 милиони евра во нова фабрика во Македонија, предвидени 200 вработувања

Редакција

Министерството за образование и наука вработува девет лица, плата до 38.689 денари

Редакција

ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади

Редакција