еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Пехчево за првпат во историјата доби свои регистарски таблички

Граѓаните на Општина Пехчево од вчера можат да ги користат новите регистарски таблички, со кои за првпат во историјата и Пехчево добива свое место во означувањето на возилата.

Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „BЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE).

Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека му е чест и задоволство што со граѓаните ја споделува информацијата дека е целосно завршена процедурата за добивање сопствени регистарски таблички на Општина Пехчево.

-Одлуката е донесена согласно со правилникот за регистрациски и нивни ознаки и од денес можат да се користат новите таблици. Тоа значи дека ознаката ПЕ (PE) отсега ќе биде единствената при регистрирање на возилата на граѓаните кои потекнуваат од пехчевскиот регион, информираше Тренчовски.

Насловна фотографија/фото: Humans of Pehchevo/Општина Пехчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарите се нашите херои и мора да бидат соодветно заштитени против коронавирусот

Редакција

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија ќе одат во Киев на средба со Зеленски

Редакција

Каков имот пријавил Александар Даштевски, претседателот на ДИК, за кого Антикорупциска отвори предмет

Редакција