еМагазин
Image default
Бизнис

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 127% за време на корона-кризата

„Скопски пазар“ АД Скопје за периодот јануари – јуни 2020 година оствари добивка од 37.360.000 илјади денари што преставува зголемување за 127% во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи на „Скопски пазар“ во периодот јануари – јуни 2020 година изнесуваат 129.322.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 14,52%.

„Остварениот вкупен приход е намален бидејќи споредбено во истиот период во 2019 година друштвото во 2019 година остварувало приход и по останати дејности кои во 2020 година не ги извршува согласно извршената внатрешна реорганизација во друштвото во последниот квартал од 2019 година.

Актуелната пандемија со Ковид- 19 имаше влијание на висината на приходите пред се поради стопанисување во отежнати услови на голем дел од стопанските субјекти кои се закупци на деловен простор од друштвото.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2020 година изнесуваат 91.962.000 денари и во споредба со истиот период од 2019 година бележат намалување од 30,91%.

Падот на расходите се должи пред се на рационализација на оперативните расходи согласно извршената внатрешна реорганизација во друштвото во последниот квартал од 2019 година, како и намалување на финансиските расходи за 42% како резултат на редовно сервисирање на обврските и отсуство на казнени камати и пенали.

Во овој период друштвото целост ги намири акумулираните даночни обврски од минатите години. Просечниот број на вработени за вториот квартал изнесува 147, со намалување од 11% во споредба истиот период во 2019 година. Трошоците за вработените се намалени за 26%“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,7 милиони евра

Колкави се примањата на менаџерскиот тим на Скопски пазар?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот на Македонската берза во мај

Редакција

Дури 7.430 слободни работни места во Македонија: Се бара работник повеќе во услужните дејности

Редакција

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје

Редакција