еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе се интензивираат, за да не застарат делата

На предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе им се даде интензитет во следниот период, уверуваат од Кривичен суд.

Прашани за ризикот од застарување на делата и дали може да се забрзаат овие предмети, од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, велат дека и двајцата судии кои постапуваат по предметите изразиле уверување дека ќе им се даде интензитет.

–  Судењето за „Таргет-Тврдина“ е закажано за 28 февруари, затоа што судијата постапува и по „Траекторија“ и други предмети. Но, официјален став на судијата е дека и на тој предмет и на „Трезор“ ќе им се даде интензитет во следниот период. Затоа што се работи за два предмети со исти обвинети и мора да има координација, посочуваат од Кривичен.

Од Кривичен, исто така, укажуваат дека претходно имало проблеми со тоа што се закажуваат судења од ден за ден за ист обвинети, и дека и за тоа мора да се има во предвид.

Апелациониот суд Скопје во ноември минатата година ја укина првостепената пресуда за „Трезор“, а потоа во декември и за „Таргет-Тврдина“, и предметите ги врати на повторно постапување.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

На поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судскиот процес започна на 22 декември 2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор заболен од Ковид-19 за неполни два дена во Делчево

Редакција

Премиерот подготвен за средба со приватните превозници, ама откако ќе ги деблокираат улиците во Скопје

Редакција

Пронајден човечки труп во Велес во поодмината фаза на распаѓање

Редакција