еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Даниела Рендевска, која е именувана за в.д. претседател на Инспекцискиот совет и доаѓа на местото на Филиповска-Грашкоска

Даниела Рендевска е именувана за в.д. претседател на Инспекцискиот совет и таа доаѓа на местото на Магдалена Филиповска-Грашкоска, која е назначена за в.д директор на Фонд за здравствено осигурување.

Рендевска на оваа позиција доаѓа од местото Генерален секретар во Инспекцискиот совет, каде што работи од мај 2018 година.

Образование

Се стекнала со диплома дипломиран правник во 1999 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има положено и правосуден испит, во 2015 година.

Течно зборува англиски јазик, како и јазиците од поранешна Југославија. Поседува и солидно познавање на рускиот јазик.

Поседува сертификати и дипломи од голем број меѓународни обуки од областа на меѓународното и европското законодавство од областа на животната средина.

Работно искуство

Има повеќе од 18 години работно искуство како раководен државен службеник.

Нејзината работна кариера како државен службеник ја започнува во 2000 година, во Министерството за животна средина и просторно планирање. Била задолжена да раководи со голем број на меѓународни проекти финансирани од ЕУ и Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), со што се стекнала со големо искуство во областа на спроведувањето и раководењето со проекти.

Како правник, најголем дел од нејзиното досегашно работно искуство го поминала во изработка на националното законодавство и неговото усогласување со правото на ЕУ и барањата од ратификуваните меѓународни договори.

Дополнително, во одредени периоди била назначена и за национално контакт лице за неколку меѓународни договори и била член на органи на меѓународни организации во областа на животната средина, стои во нејзината биографија.

Исто така, била член на Комисија за денационализација и заменик член на Комисијата за посредување од областа на животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниела Рендевска е именувана за в.д. претседател на Инспекцискиот совет, на местото на Филиповска-Грашкоска

Магдалена Филиповска-Грашкоска од Инспекциски совет, назначена за в.д. директор на ФЗО

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“

Фото: Фејсбук/Рендевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите антикорупционери се уште не го пријавиле својот имот

Редакција

На маж од ресенското село Асамати му се слошило додека возел и починал

Редакција

Петиција за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Редакција