еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“

Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.

-На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил министер за земјоделство, Арјанит Хоџа

Редакција

(Фото) Светско, а наше: Брако го произведе првото возило во Европа за одржување хигиена кое испушта вода, наместо издувни гасови

Редакција

Владата дозволи организирање онлајн игри на среќа

Редакција