еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Моника Зајкова, единствениот кандидат за нов претседател на ЛДП

Либерално-демократската партија денеска ќе го одржи осмиот Конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.

Единствен кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моника Зајкова единствен кандидат: ЛДП денеска бира претседател

Која е Зајкова

Родена на 21.2.1991 година во Скопје.

Зајкова по професија е правник и е магистер од областа на граѓанско право на Факултетот за правни науки при ФОН.

Политичка кариера

Во октомври 2019 година беше избрана за потпреседател на ЛДП.

Таа е актуелен пратеник во македонското Собрание.

Зајкова е заменик-член на Националниот совет за евроинтеграции, член на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член на Комисијата за уставни прашања и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, член е на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, Пратеничка гртаупа на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Арапскиот Залив, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија.

Фото: Фејсбук/Зајкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лежеле на пругата: Товарен воз усмрти двајца мигранти во гевгелиско

Редакција

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Редакција

Продолжува трендот на намалување на бројот на ученици во основните и средните училишта

Редакција