еМагазин
Image default
Македонија

Кој ќе ја замени Русковска

Републичкото Јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција непречено функционираат и продолжуваат активно да постапуваат без разлика на поведените дисциплински и други постапки против поединци, информираат од Јавното обвинителство (ЈОРСМ).

За тоа кој обвинител ќе ги преземе работите додека трае суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, од ЈОРСМ за МИА велат дека тоа ќе биде согласно годишниот распоред.

– Со Решението за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител, наведениот јавен обвинител е задолжен сите предмети и ствари со кои е задолжен да ги предаде на јавниот обвинител кој со годишниот распоред треба да го менува. Сите предмети ќе бидат времено рaспоредени кај друг надлежен јавен обвинител и по нив постапката ќе продолжи со несмален интензитет, се вели во одговорот од ЈОРСМ.

Согласно годишниот распоред замена на Вилма Русковска е Ивана Трајчевска, а во моментов сите итни и основни работи за функционирање на Обвинителството ги врши обвинителката Лиле Стефанова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Русковска суспендирана поради претресот кај Арафат Муареми

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска дала исказ за бегството на Мијалков, случајот го води обвинителката Ристоска

Редакција

Почна судењето против Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Редакција

(Видео) Пендиков се појави во судница, ама судењето за неговиот напад веднаш се одложи

Редакција