еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендиков се појави во судница, ама судењето за неговиот напад веднаш се одложи

Секретарот на згаснатиот бугарски клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој се пресели во Бугарија, денеска конечно се појави на судењето за неговиот напад.

Рочиштето веднаш се одложи поради нов медицински доказ доставен од Обвинителството за обвинетиот за нападот, Илија Спасевски.

Одбраната побара повеќе време за проучување на доказот, но судијата Бојан Мартиноски тоа не го дозволи, па адвокатот на Спасевски, Димитар Цобевски ја напушти салата, по што рочиштето беше одложено.

Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков.

Пендиков пред судницата изјави дека веќе не се плашел, ама на социјалните мрежи добивал смртни закани.

Според Обвинителството, првообвинетиот Спасевски се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, за што тој се произнесе како невин.

Инцидентот со Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро во Охрид.

Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.

По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

Видео: А1он/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Во спорот со Софија да не се преземаат чекори спротивни на Резолуцијата на Собранието

Редакција

Зеколи за изјавата на Заев: „Седи во мерцедесот на Грујо, се фали со проекти на Грујо и вика „завидлизам“

Редакција

Нови 539 случаи на Ковид-10, во Скопје 274

Редакција