еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во спорот со Софија да не се преземаат чекори спротивни на Резолуцијата на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ нема сознанија во врска со неофицијалните информации дека ќе биде постигнат договор во Париз меѓу Северна Македонија и Бугарија, изјави портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски.

– Јас такви сознанија немам. Тоа што постојано го посочуваме во овој последен период е дека Зоран Заев е волен да даде сѐ за да си го продолжи делумно својот политички век на постоење.

Ја видовме онаа ситуација којашто ја направи за да може да го зголеми своето парламентарно мнозинство и онаа „пластелин коалиција“ да го прошири својот век на постоење уште кусо време, така што тоа треба да биде како една слика што всушност е волен да направи Зоран Заев за да си го продолжи својот век на постоење, изјави Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција..

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ предупредила да не се преземаат чекори спротивни на Резолуцијата донесена едногласно од сите политички актери во Парламентот, која, како што нагласи, значи заштита на македонските национални интереси.

Според него, јасно е дека Бугарија нема да отстапи од зацртаните две резолуции донесени едногласно во тамошниот Парламент, кои што се спротивни на она што значи македонски национални интереси.

Запрашан во врска со истрагата за автобуската несреќа во Бугарија и зошто не се преземаат активности во однос на истрагата од Финансиска полиција и од Царинската управа, Стоилковски рече дека причините за оваа несреќа, како и за пожарот во Тетовската модуларна болница се криминалот и корупцијата предводени од СДСМ-ДУИ.

– Обвинителството, да потсетам за несреќата пред три месеци излезе со став, јавната обвинителка, дека нема конкретно ништо од истрагата. Така што, не верувам ниту дека оваа истрага која што сега се спроведува наводно ќе даде некакви резултати, затоа што сите можни лостови се ставени само во едно, заштита на криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ, вели Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

Левица бара прекин на преговорите со Бугарија

За над 70% од Бугарите поважно е решавање на односите Скопје-Софија од зачленувањето на Македонија во ЕУ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 1,1% на бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Антикорупциска ќе истражува дали меѓу судиите и јавните обвинители има некој како синот на Џафери

Редакција

Советот на јавни обвинители утре ќе цени дали ќе покрене постапка за разрешување на Јанева

Редакција