еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска ќе истражува дали меѓу судиите и јавните обвинители има некој како синот на Џафери

По скандалот со синот на Собранието, Талат Џафери, Барлет Џафери, за кој од Антикорупциската комисија посочија дека положил правосуден испит пред да дипломира, од Комисијата најавија проверка за тоа кои актуелни судии и јавни обвинители стигнале до тие функции со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит.

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска рече дека истрагата, која ќе биде продолжение на таа за синот на Џафери, ќе значи проверка на сите кандидати кои биле во Академијата за судии и јавни обвинители од нејзиното формирање до денеска, со цел да утврдат дали некои од нив предвреме полагале правосуден испит или не.

Истрагата ќе се спроведе и на сите универзитети за да се види колку универзитети како Штуловиот Универзитет во Тетово издале уверенија со кои поинаку го толкуваат фактот – дипломиран правник со што овозможиле некој предвреме да полага правосуден испит.

Ќе биде ангажиран и Просветниот инспекторат, кој ќе прави проверка и на сите други правни факултети во земјава за периодот од 2008 до 2012 година, период за кој е веќе направена проверка за Штуловиот Универзитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Не бил само синот на Џафери, дури 449 студенти положиле правосуден испит пред да дипломираат, открива претседателката на Антикорупциска

Спорни биле само 200, а не над 400 уверенија од Штуловиот универзитет: Беџети контра Антикорупциска

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 28%: За една недела 1.727 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Почувствуван земјотрес во југозападните делови на државата

Редакција

Полни автобуси и авиони: За Велигден најмногу се патува во Грција, Италија, Истанбул, Крф

Редакција